Актуелно

Разорен земјотрес на Тајван

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа во близина на источниот брег на Тајван, соопшти тајванската метеоролошка служба.

Засега нема информации за евентуална материјална штета. Според очевидци, згради се треселе во Тајпеј, главниот град на Тајван, пренесува Ројтерс.

Земјотресот се случил на длабочина од 5,7 километри, соопшти метеоролошката служба. Тајван се наоѓа во близина на точката на средба на две тектонски плочи и е подложен на земјотреси.

Повеќе од 100 луѓе загинаа во земјотрес во јужен Тајван во 2016 година, додека во земјотрес со јачина од 7,3 степени во 1999 година загинаа повеќе од 2.000 луѓе.

На почеток