Актуелно

(ВИДЕО) Немири во Франција и Белгија, момче прегазено од автомобил

Момче загина во францускиот град Монпелје во судири меѓу навивачите на Франција и Мароко по полуфиналето на Светското првенство.

Во соопштението објавено од канцеларијата на локалната самоуправа, се наведува дека момчето вчера било „насилно удрено“ од автомобил. Тој бил пренесен во болница, но починал набргу по пристигнувањето.

Возилото е пронајдено во близина на местото на настанот, а полицијата врши увид.

Претходно Франција го совлада Мароко со 2:0. На видеото објавено на социјалните мрежи се гледаат толпи луѓе на улица кои се движат околу автомобил кој вози непречено.

Навивачите на ривалите и претходно се судрија во Париз.

Околу стотина навивачи се приведени синоќа во Брисел поради нереди откако Мароко загуби од Франција со 2:0 во полуфиналниот натпревар на Светското првенство, јави агенцијата Белга, повикувајќи се на полицијата.

Навивачите се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир, оштетување на две полициски возила и поседување забранети огномети, објави агенцијата рано утринава.

На почеток