Актуелно

Ескобар и порача на Приштина да ги отстрани барикадите на северот на Космет

Американскиот заменик-помошник државен секретар Габриел Ескобар рече дека барикадите на северот на Космет треба да се отстранат, но на мирен начин.

Како што рече, треба да ги отстранат тие што ги поставиле. Тој се противи на доаѓањето на српската војска на северот на Косово бидејќи е против, како што вели, милитаризација на проблемот.

Заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар имаше средби со српското раководство, а ден претходно беше во Приштина.

Тој во интервју за РТС рече дека САД го отфрлаат враќањето на српските сили на Косово и Метохија бидејќи се против, како што вели, милитаризација на проблемот, но се за дијалог.

Тој наведува и дека барикадите треба да се отстранат, но на мирен начин од оние што ги поставиле, како и да се слушнат причините за нивната загриженост, кои, посочува, се „легитимни, а во некои случаи и оправдани“.

Тој повтори дека Вашингтон се залага за формирање Заедница на српски општини, како и дека бараат начин како да се спроведе оваа точка од Бриселскиот договор.

На почеток