Македонија

Стаменкоска Трајкоска: МОН се уште нема излезено со предлог како да се надмине проблемот со изгубените часови заради дојавите за бомби

„Ова што сега се случува, првенствено за учениците и наставниците, но да не заборавиме психолошки терор имаат и родителите со сите овие дојави за бомби и ова секојдневие кое нам ни се случува кое е многу страшно. Сите сме во исчекување на решавање на проблемот и надминување на истиот. Еве и денес со најголем број на дојави, немаме на повидок можно решение, или некоја форма и предлог од МОН за овие проблеми да бидат надминати“, изјави за „Аргумент плус“ на ТВ 24 пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска.

Таа истакна и дека одговори и решенија за целата ситуација и надополнување на наставата треба да има и таквите треба да се добијат од МОН кое раководи со образованието.

„Кога се зборува за онлајн настава, тоа ни е познато, но имавме две години пропаднати со таков тип на настава. Мораме да размислуваме за последиците, колку има позитивни и негативни страни, но тогаш бевме принудени. Сега имаме друга ситуација, сега треба да се искористат сите други алатки кои можат, да не се оди одма со онлајн настава, може да се организира добар протокол“, рече таа.

Стаменкоска Трајкоска посочи дека кога има дојави учениците се пуштаат без да им се дадат задачи, а кога нема дојави не се надополнува загубеното.

„Кога има дојава училиштата ги пуштаат учениците, но дали учениците треба да останат дома неаминирани, доколку би имало протокол би можело да се продолжи денот на пример со онлајн настава или ден кога нема дојави со физичко присуство да се надополни“, истакна таа.

Во врска со тоа што се презема на ниво на Скопје каде се најчести дојавите таа истакна дека се поставуваат и прашања и има реакции во Советот на Град Скопје, но одговор од градоначалничката и реакција нема.

„Ние како пратеничка група денес доставивме една иницијатива до Комисијата за одбрана и безбедноста каде што го повикавме министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски да даде една своевидна информација за до каде и каква е актуелната состојба со дојавите за бомбите. Пред да разговараме со некого требаме првин да се запознаеме со проблемот бидејќи постојано секојдневно сме сведоци на само што не се решил проблемот. Нели министерот Спасовски постојано излегува на телевизија и ни кажува само што не се решил проблемот. Но, ова очигледно е друго кога ќе биде кажано во Парламентот, во Собранието, кога ќе биде официјално“, истакна Стаменкоска Трајкоска.

Стаменкоска Трајкоска додаде дека јавноста гледа како министерот за внатрешни работи ја менаџира работата.

„Ова што се случува е психолошки терор. Буквално така би сакала да го објаснам сето ова што се случува секојдневно. Првенствено да се намали сета оваа стресна ситуација која се случува, лично сметам дека треба позголемено присуство на припадниците на министерството за внатрешни работи околу училиштата. Друго е кога учениците ќе гледаат од една страна нивно присуство. Моментално сметам дека во оваа ситуација би влевало одредена сигурност дека некој се грижи за нив“, рече пратеничката.

Таа посочи дека потребно е протокол, потребно е анализа за вакви ситуации.

На почеток