Турција: Целта беше успешно погодена
Од
Објавено на
Турција успешно ја тестираше првата домашна хиперсонична ракета воздух-земја од беспилотното летало Бајрактар Акинџи, објави компанијата Бајкар.
„Првата турска хиперсонична ракета ТРГ-230-ИХА, произведена од Рокетсан, успешно ја погоди целта на растојание од 100 километри“, објави на Твитер техничкиот директор на компанијата Селџук Бајрактар, пренесува ТАСС.
Како што се наведува, ракетата била истрелана од дрон кој лебди на височина од 7,62 километри. Според производителот, дострелот на ракетата варира помеѓу 20 и 150 километри, а Рокетсан ја конструираше и првата турска балистичка ракета, која беше успешно тестирана во октомври 2022 година, јави ТАСС.