Ковачевски за судиите кои го ослободија Мијалков: Потврдија зошто е ниската доверба на граѓаните во правосудството
Димитар Ковачевски, премиер на Македонија, е разочаран што апелационите судии ја укинале пресудата за „Таргет-тврдина“ кој е најголем случај на СЈО, а е за масовното прислушкување. Ковачевски вели: Само ја потврдува ниската доверба на граѓаните во правосудсниот систем.
„Како и многумина други, изразив разочарување во однос на овој судски случај. Само ја потврдува ниската доверба на граѓаните во правосудсниот систем. Сакам да истакнам дека како премиер, како и Владата, не сме се мешале ниту ќе се мешаме во судниците. Судството и правосудството не се место за политички натпревар. На правосудниот систем е да низ една транспарентна постапка да ги објаснат на граѓаните за одлуките кои ги носат, а да работат на зголемување на довербата на граѓаните.
Ние сме во постојана комуникација со партнерите од ЕУ. Правосудните органи ќе бидат дел од скринингот на ЕУ. Ќе се постават многу прашања на кои ќе се бараат одговори. На извршната власт е да се подготват законски решенија и обезбедување на финансиски средства – таа обврска ја вршиме секојдневно“, посочува Ковачевски.