Македонија

(ФОТО) Другарчињата се простуваат од загинатото девојче од Велес: Магдалена, многу ќе ни фалиш

Трогателни пораки со кои другарчињата се простуваат од Магдалена, се објавени на социјалните мрежи.

Родителите чии најмлади се другарчиња на девојчето од Велес кое беше прегазено и усмртено, прашуваат:

„Како да му кажеш на 11 годишно дете дека другарка му веќе ја нема, како да му го скршиш срцето на милион парчиња и после да бараш начин да ги залепиш, а и самата знаеш дека никогаш веќе нема да е исто? Како да ги задржиш солзите кога син ти ти вика: ‘Имам дупка кога дишам, како да фали дел од мене…” Пријатели, велешани, денес во 15:00 часот кој милува нека дојде на местото на немилиот настан, во знак на сочувство и љубов кон семејството, но и во знак на бес и револт кон проклетникот кој не се ни свртел позади себе… Мило дете, играта со соучениците пребрзо ја замени со игра со ангелите на небото, бескрајно ќе им недостасуваш на твоите VI-5“.

Пораките на другарчињата на загинатото девојче:

На почеток