Свет

Северна Кореја тестираше шпионски сателит

Севернокорејската државна новинска агенција КЦНА објави дека денеска е успешно спроведена „важна, последна фаза“ на тестирање во процесот на развој на шпионски сателит, чија изградба треба да биде завршена до април 2023 година.

Овој извештај на KCNA беше објавен еден ден откако вооружените сили на Јужна Кореја и Јапонија потврдија дека Пјонгјанг лансирал две балистички ракети со среден дострел кон источните делови на нивниот брег, објави Ројтерс.

Севернокорејската новинска агенција објави дека тестирањето на сателитот Сохае е извршено од лансирањето во градот Тонгчанг-ри, на северозападот на земјата, со цел да се прегледаат можностите за фотографирање од вселената, пренесување податоци и контрола на земјата.

Пркосејќи им на меѓународните санкции, Северна Кореја изврши невиден број ракетни тестови оваа година, вклучително и интерконтинентални балистички ракети (ICBM) способни да стигнат до копното на САД, додава Ројтерс.

На почеток