Актуелно

Вучиќ со барање до НАТО

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Белград се сретна со командантот на Здружената команда на НАТО, адмирал Стјуарт Манч, кого, како што напиша, го замолил алијансата да го заштити српскиот народ на Косово.

„Добар разговор со адмиралот Манч. Го замолив НАТО да го заштити нашиот народ на Косово и им се заблагодарив за разбирањето на српската политика на неутралност“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил.

Претходно, во интервју за агенцијата „Бета“, Манч изјави дека алијансата ќе продолжи да развива долгорочно партнерство со Србија и посочи дека силните односи меѓу двете страни се можни и без Србија да влезе во воениот сојуз.

Вучиќ претходно разговараше со вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон.

„Словенија е еден од нашите најважни партнери, како на полето на надворешната трговија, така и на инвестициската соработка. Особено сме задоволни што српските компании се се поактивни како инвеститори во Словенија. На министерката Фајон ѝ кажав дека Србија е заинтересирана за натамошно интензивирање на економската соработка, со посебен акцент на преработувачките индустрии, ИТ секторот, банкарството и осигурувањето, како и обновливите извори на енергија. Ја информирав за ситуацијата на Косово и ѝ се заблагодарив за поддршката на Словенија за европскиот пат на Србија“, напиша Вучиќ на Инстаграм.

На почеток