Маск: Ќе поднесам оставка на чело на „Твитер“ кога ќе најдам некој доволно наивен да ме замени
Сопственикот на „Твитер“ Илон Маск денеска најави дека ќе поднесе оставка од функцијата извршен директор на оваа социјална компанија, откако корисниците на Твитер на анкета гласаа за негово заминување.
“Ќе поднесам оставка од функцијата извршен директор штом најдам некој доволно наивен да ја преземе работата! После тоа ќе ги водам софтверските и серверските тимови”, напиша Маск на својот профил денес.
Истражувањето кое Маск го покрена на оваа социјална платформа пред два дена покажа дека околу 57,5 отсто од корисниците на Твитер сакаат тој да поднесе оставка од функцијата шеф на Твитер, додека 42,5 отсто биле против.
Во истражувањето учествувале околу 17,5 милиони корисници на Твитер. Маск претходно изјави дека ќе ги прифати резултатите од истражувањето.