Блинкен: „Оваа одлука може да биде катастрофална“
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изрази загриженост за новата одлука на авганистанските талибанци.
Талибанците денеска им наредија на сите локални и странски невладини организации (НВО) да им забранат на жените вработени во нив да доаѓаат на работа.
„Длабоко сме загрижени дека забраната на талибанците за жените да доставуваат хуманитарна помош во Авганистан ќе ја наруши виталната и спасувачка помош за милиони. Жените се клучни за хуманитарните операции ширум светот. Оваа одлука може да биде погубна за авганистанскиот народ“, напиша Блинкен на Твитер.
Министерот за економија Абдулрахман Хабиб претходно истиот ден објави дека на жените вработени во невладиниот сектор им е забрането да работат до понатамошно известување, бидејќи некои не се придржуваат до толкувањето на талибанците за исламскиот кодекс на облекување на жените.