Свет

Почина поранешниот шеф на италијанската дипломатија

Претседателот на Економскиот совет на Италија и поранешен министер за надворешни работи, Франко Фратини, почина на 66-годишна возраст, пренесува Corriere della Sera.

Од 1983 година е адвокат, две години подоцна станува правен советник на министерот за финансии, а од 1990 до 1991 година правен советник во Владата на демохристијаните Џулио Андреоти.

Тој исто така беше министер за регионални прашања и јавни работи во владата на Ламберт Дини (1994-1996), а во 1996 година влезе во парламентот како кандидат на партијата Форца Италија на Силвио Берлускони.

Оттогаш до 2001 година беше претседател на Комитетот за надзор на тајните служби, а на 45-годишна возраст стана најмладиот министер за надворешни работи во историјата на Италија во втората влада на Берлускони во 2002-2004 година. Тој беше на функцијата еврокомесар за правда, слобода и безбедност од 2004 до 2008 година, кога беше и еден од петте потпретседатели на Европската комисија.

На функцијата министер за надворешни работи на Италија се врати во 2008 година, каде остана до 2011 година, а една година подоцна ја напушти партијата на Берлускони.

На почеток