Нова македонска гордост: Андреј Арсовски со трето место во кајакарство на натпревар во Хрватска
Од
Објавено на
Скопјанецот Андреј Арсовски, освои трето место во кајакарски спуст на ревијален натпревар која се одржа денес во Загреб, Хрватска. Тој третото место го понесе во име на Македонија, чиј претставник беше на овој настан.
Трката во која учествуваше е од меѓународен карактер. На овој натпревар учествувале кајакари од повеќе земји.
Арсовски е дел од кајакарскиот клуб Илинден Скопје.
Андреј има 14 години и е ученик во основното училиште “Христијан Тодоровски- Карпош“. Организатори се Кајарскиот сојуз од Загреб.