Свет

Зеленски: Ситуацијата во Донбас е тешка

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја оцени ситуацијата во Донбас, на истокот на Украина, како „тешка и болна“.

„Бахмут, Кремина и други области во Донбас, кои сега бараат максимална сила и концентрација. Ситуацијата таму е тешка, болна“, рече Зеленски во видео-обраќањето. Тој изјави дека руските сили ги користат сите ресурси што им се на располагање за да постигнат барем одреден напредок, пренесува Интерфакс Украина.

Тој исто така изјави дека сè уште постои недостиг на електрична енергија, а речиси девет милиони луѓе се оставени без струја.

Зеленски во своето видео обраќање во текот на ноќта рече дека работниците кои ја поправале мрежата по повторените руски напади повторно поврзале многу луѓе за време на Божиќ, но дека проблемите и понатаму постојат, објави Ројтерс.

„Се разбира, недостигот сè уште постои. Ограничувањата продолжуваат“, рече тој.

На почеток