Москва постави услови за крај на војната
„Условите на Москва за решавање на проблемите во Украина му се добро познати на Киев и Украина или ќе ги исполни за свое добро или за тоа ќе одлучи руската армија“.
Ова го изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за агенцијата Тасс.
„Нашите предлози за демилитаризација и денацификација на териториите под контрола на режимот, елиминирање на заканите за безбедноста на Русија кои доаѓаат од таму, вклучително и нашите нови територии, му се добро познати на непријателот. Значењето е едноставно. Следете ги за вашето сопственото добро, руската армија ќе одлучи за тоа прашање“, рече Лавров во понеделникот вечерта, а пренесе државната новинска агенција.
Официјална Москва својата инвазија на Украина ја нарекува „специјална воена операција“ за „демилитаризација“ и „деназификација“ на својот сосед. Киев и неговите западни сојузници тоа го нарекуваат агресија во империјален стил, чија цел е заземање на земјата, потсетува Ројтерс.
Во септември Москва објави анексија на четири украински провинции – Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон – по одржувањето на референдумот што Киев и неговите сојузници го отфрлија како лажен и незаконски. Рускиот претседател Владимир Путин во неделата изјави дека Русија е подготвена да преговара со сите страни вклучени во војната во Украина, но дека Киев и неговите западни поддржувачи ги отфрлија преговорите.