Две скопски гимназии се евакуирани
Од
Објавено на
Во скопските гимназии „Ѓеорги Димитров“ и „Никола Карев“ нешто пред 15 часот стигнале закани за наводни поставени бомби. Учениците се евакуирани. Полицијата ќе врши антитерористичка проверка.
И оваа седмица продолжуваат заканите за поставени бомби низ учлиштата во Скопје, а во претходните денови закани имаше и во други градови. Вчера имаше дојави во 19 училишта.