(ВИДЕО) Нападнат Киев, има загинати
Десет експлозии се слушнаа денеска во Киев додека траеше предупредувањето за руските воздушни напади.
Жителите на Киев пријавиле дека слушнале силни експлозии откако Русија започнала серија воздушни напади, објави Гардијан.
Низ Украина беше издадено предупредување за воздушна закана, а властите ги советуваа жителите да се засолнат.
Kyiv pic.twitter.com/yYyKHxwdJD
— Illia Ponomarenko 🇺🇦 (@IAPonomarenko) December 31, 2022
Едно лице загина, а 11 се повредени при руски ракетни напади врз Киев, соопшти денеска градоначалникот на тој град Виталиј Кличко.
Тој на својот канал на мрежата Телеграм напиша дека еден постар маж починал во областа Соломјан, во југозападниот дел на градот, дека најмалку три жени се пренесени во болница, а меѓу повредените има и јапонска новинарка.
Кличко додаде дека цел на руските сили биле и областите Печерск и Холосивск, односно централните и западните делови на градот, објави Гардијан.
Заменик-началникот на кабинетот на претседателот на Украина, Кирило Тимошенко, објави дека ракетите погодиле хотел и неколку семејни куќи.
Покрај Киев, цел на руските напади биле и градот Хмелницки, како и регионите Запорожје и Харков. Гувернерот на регионот Одеса, Максим Марченко, на Телеграм напиша дека привремено ќе го прекине снабдувањето со електрична енергија.
„Поради закана од ракетен напад ќе преземеме мерки за привремено ограничување на снабдувањето со електрична енергија. Ова е неопходно за да се намали оптоварувањето на електроенергетскиот систем во случај нашата инфраструктура да биде засегната“, напиша Марченко.
One person killed by missile strike in Kyiv pic.twitter.com/yNPAxccKvz
— Ethan Swope (@EthanSwopePhoto) December 31, 2022