Свет

Војската на Мјанмар го укина новогодишниот полициски час

Владејачката воена хунта во Мјанмар објави дека полицискиот час ќе биде укинат во трите најголеми градови од полноќ до 4 часот наутро за новогодишните прослави.

Полицискиот час привремено ќе биде укинат во главниот град Најпидав, вториот по големина град Мандалај и Јангон, каде се подготвува новогодишна прослава на отворено, со огномет и музика, пренесува АП.

Опозиционерите преку социјалните мрежи ги повикаа граѓаните да не учествуваат на јавните прослави организирани од армијата поради можни провокации во кои би биле убиени цивили, а за кои лажно се обвинуваат Силите за народна одбрана (ПДФ). ПДФ е вооружено крило на опозициската Влада на народно единство, организација забранета во Мјанмар.

Во февруари 2021 година, воената хунта ја собори демократската влада на Аунг Сан Су Чи и ја презеде власта, а оттогаш Мјанмар е потресен од конфликти меѓу војската и опозициските герилци.

Соборената и уапсена Аунг Сан Су Чи, добитничка на Нобеловата награда за мир, на 30 декември во Мјанмар беше осудена на дополнителни седум години затвор, а вкупно ќе помине 33 години зад решетки.

На почеток