Свет

Амбасадорот на Мјанмар во Кина ненадејно почина

Амбасадорот на Мјанмар во Кина, У Мио Тант Пи, ненадејно починал во градот Кунминг во југозападна Кина, јавуваат државните медиуми на Мјанмар.

Во денешните некролози за амбасадорот, државните медиуми не ја прецизираа причината за смртта, но дипломати во Пекинг и мјанмарските медиуми на кинески јазик наведуваат дека тој најверојатно починал од срцев удар, пренесува Ројтерс.

Амбасадорот У Мио Тант Пи последен пат бил виден во саботата на средба со локален функционер во југозападната кинеска провинција Јунан, која граничи со Мјанмар, објавија локалните медиуми.

Овој мјанмарски дипломат беше назначен за амбасадор во Кина во 2019 година и остана на функцијата откако војската на Мјанмар ја презеде власта со државен удар во февруари 2021 година.

На почеток