Актуелно

Земјотрес го погоди југозападниот дел на Пелопонез

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала го погоди грчкиот регион Месинија, југозападниот дел на Пелопонез.

Тоа го соопшти Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина.

Епицентарот на земјотресот, кој се случи утрово во 7 часот и 28 минути, бил во морето на 46 километри јужно од Метони, на длабочина од 18 километри, пренесува Катимерини.

Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), во моментов нема извештаи за материјална штета или евентуални жртви.

На почеток