Стотици патници се заробени на крстаречкиот брод „Викинг Орион“
Стотици патници се заробени на крстаречкиот брод „Викинг Орион“ кај австралискиот брег, откако на неговиот труп беа пронајдени потенцијално штетни микроорганизми.
Поради тоа, на бродот му било забрането да се закотви, јавува Би-Би-Си.
На бродот за крстарење, наводно, му била одбиена дозвола да се закотви во Аделаида, откако властите откриле „биофул“ – акумулација на микроорганизми, растенија, алги или мали животни.
Австралиските власти рекоа дека трупот на бродот мора да се исчисти пред да влезе во земјата, бидејќи може да внесе инвазивни видови во живеалиште што не е нивно природно живеалиште.
Бродот, наводно, не добил дозвола да се закотви ниту во Крајстчерч, Данедин и Хобарт во Нов Зеланд.
Еден патник на Твитер објави дека во бродот имало повеќе од 800 луѓе и дека многу од нив се вознемирени и лути поради негрижата на компанијата. Бродот, кој има 14 ката и може да превезува 930 луѓе, изграден во 2018 година, се вели дека се закотвил на околу 27 километри од брегот, додека расчистувањето е во тек.