Свет

Москва испраќа домашни беспилотни летала до руските војници во Украина

Мали извидувачки дронови познати како Двоглед почнаа да пристигнуваат до руските војници распоредени во Украина, изјави денеска за ТАСС руска технолошка компанија која произведува беспилотни летала.

Најновите беспилотни летала произведени од „Сјомка с воздух“ се два до три пати поевтини од кинеските дронови „ДЈИ Мавиќ“ кои активно се користат во борбени операции, изјави портпаролот на компанијата Дмитриј Зубарев.

Руското беспилотно летало е опремено со компактен термички снимач кој ги детектира непријателските сили и способности во секое време од денот или ноќта, а има и можност да лансира гранати, јави ТАСС.

На почеток