Актуелно

(ВИДЕО) Активисти истурија боја на зградата на италијанскиот Сенат

Еколошки активисти од групата „Последна генерација“ истуриле портокалова боја на фасадата на зградата на Сенатот во Рим.

Полицијата приведе пет членови на групата, јавија италијанските медиуми.

Овој чин беше поттикнат од сè поалармантна статистика и климатски колапс, велат активистите.

Претседателот на Сенатот Игнасио ла Руса остро ги осуди постапките на еколошките активисти.

Тој додаде дека за утре закажал состанок на владејачкиот совет на Горниот дом на парламентот, каде тема треба да биде овој инцидент.

На почеток