(ВИДЕО) Македонци испозаглавени по аеродроми, се бараат алтернативи за да стигнат дома


Стотици заглавени патници, неизвесност, потрага по алтернативи. Вака им изгледаат патувањата изминативе денови на низа граѓани, кои требаше да се вратат во Македонија, но и на туристи што планираат да ја посетат Македонија, пишува „А1он“. Вчера, откажани се 13 лета на авиони што требаше да слетаат на скопскиот аеродром. Причината е густата магла. Има и такви, кои, наместо во Македонија, слетаа во Косово. И денешниот ден почна така, со откажување на летот од Шведска за Македонија. На аеродромот останаа иселеници, посетители, но и патници, кои само транзитираат преку Македонија. Меѓу нив има и родители со бебиња и деца.
Од Меѓународниот аеродром Скопје и покрај маглата утрово полетаа шест авиони, дел со мало задоцнување, додека патниците од Истанбул со авионот што требаше да слета во 7:55 се очекува да пристигнат со еден час задоцнување. На веб страната на аеродромот пристигнувањето на авионот од Истанбул е најавено со еден час задоцнување.
