Актуелно

Мицкоски е заложник на Левица и под сенка на осудениот бегалец Груевски, уплашен за својата фотелја, реагира СДСМ

„Како што ја заврши 2022, така заложникот на Димитар Апасиев и Левица, Христијан Мицкоски, ја започна и 2023 година – со невистини, со закани и со лажна надеж дека само што не дошол на власт“, вели СДСМ.

Тие додаваат:

Мицкоски ги потврди пироманските политики и во новата година продолжува да ја лаже и плаши јавноста со некакви национални порази и распродавање државни интереси иако минатата година постојано беа демантирани таквите негови лаги.

Исплашен за сопствената фотелја во Белиот дворец, Мицкоски по кој знае кој пат ја отвора приказната за ново парламентарно мнозинство и предвремени парламентарни избори.

Дека Мицкоски се уште е во заложништво на Апасиев покажува и неговиот речник и заканите со некаков „пеколен крај“

Ниту збор не кажа Мицкоски за катастрофата што ја прават неговите градоначалници како во Град Скопје така и низ целата држава.

Поради лични интереси, Мицкоски идеолошки ја обезличи ВМРО-ДПМНЕ и ја стави во целосно заложништво на Левица.

Може Мицкоски заради лични внатрепартиски потреби да си прави сценарија за предвремени парламентарни избори, но факт е дека изборите ќе бидат редовни, во 2024 година.

На тие избори Мицкоски и неговите пиромански политики повторно ќе бидат поразени.

На почеток