Актуелно

Самитот ЕУ – Украина ќе се одржи во Киев на 3 февруари

Самитот ЕУ – Украина ќе се одржи во Киев на 3 февруари, соопштија од кабинетот на украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

Во соопштението се наведува дека за време на самитот ќе се разговара за европската финансиска и воена помош за Украина.

Од кабинетот посочуваат дека Зеленски во првиот официјален телефонски разговор годинава разменил детали за средбата со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, пренесе „Франс 24“.

Зеленски и Фон дер Лаен разговараа за испорака на соодветно оружје и почнување нова програма за помош од 18 милијарди евра за Украина, која беше одобрена од Европскиот парламент минатиот месец.

На почеток