Уапсени управителот, директорот и сопственикот на сплавот во Белград
Меѓу уапсените по потонувањето на Freestrayler се, како што се дознава, управителот, директорот и сопственикот на сплавот.
Тие се соочуваат со казна затвор од 1 до 8 години.
Заедничката акција ја спроведоа Министерството за внатрешни работи, петто одделение на УКП и Третото основно јавно обвинителство.
Потсетуваме, белградскиот сплав Freestyler почна да тоне за време на новогодишната ноќ.
Полицијата ги евакуираше гостите, а неколку лица добија исекотини.
Во моментот кога почнало да тоне, гостите во паника почнале да бегаат низ водата, во новогодишните тоалети.
Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, вчера изјави дека, според неговите информации, причината за потонувањето на сплавот е тоа што на него се качиле два до три пати повеќе од потребното луѓе.