Свет

Ердоган денеска ќе разговара со Путин и Зеленски

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ќе има телефонски разговори со Владимир Путин и Владимир Зеленски, соопшти неговиот портпарол.

Според него, во фокусот на разговорите ќе биде решавањето на украинската криза, пренесува ТАСС.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков потврди за РИА Новости дека рускиот претседател денеска телефонски ќе разговара со Ердоган.

На почеток