Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи во своето обраќање ги потенцираше важноста на решавањето на овој повеќедецениски спор за започнувањето на преговорите за членство на Република Македонија во Европската Унија.
„Направивме историски успех. Сите ние заедно, политичарите, пратениците, институциите, вие медиумите, граѓаните, Македонците и Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите и Бошњаците, сите граѓани кои ја чувствуваат оваа земја како своја, кои ѝ посакуваат напредок, просперитет, сите оние кои посакуваат стабилна и безбедна иднина за своите деца“, истакна Османи на почетокот од своето обраќање, посочувајќи на извесноста на евроатлантската иднина на земјава по изгласувањето на уставните измени и имплементацијата на Договорот од Преспа.
Исто така тој изјави дека ДУИ е против распишување предвремени парламентарни избори кои евентуално би се одржале заедно со претседателските
„Доколку има избори ние како партија би имале многу подобри резултати во споредба со 2016 година, но во овој момент најбитно е сите сили да бидат насочени кон реформите за да не се изгуби драгоцено време за евроинтегративните процеси“, изјави Османи