„Путин се обидува да дојде до воздух“, вели Бајден
Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека рускиот претседател Владимир Путин, обидувајќи се да воспостави примирје за време на Божиќ, „доаѓа до воздух“.
Кремљ вчера објави дека Путин наредил прекин на огнот од денеска напладне, по повикот на патријархот московски и на цела Русија Кирил да се постигне примирје за време на Божиќ.
Украина го отфрли прекинот на огнот за време на православниот празник, велејќи дека нема да има мир додека Москва не ги повлече своите трупи од окупираната територија.
„Не сум подготвен да одговорам на што и да каже Путин. Интересно е што не му пречеше да бомбардира болници, градинки, цркви. Би рекол дека со овој потег тој се обидува да дојде до малку воздух“, им рече Бајден на новинарите во Белата куќа, објави Ројтерс.
Рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов, ја обвини американската администрација дека нема волја за постигнување политичко решение, додавајќи дека дури и едностраното прогласување на прекин на огнот се смета за обид да се добие воздух.
Сето ова значи дека Вашингтон е подготвен да се бори до последниот Украинец и дека судбината на украинскиот народ воопшто не ги интересира Американците“, порача Антонов на Фејсбук.