Свет

„Повикот на Путин за дводневен прекин на огнот е лажен и лицемерен“, вели Шарл Мишел

Повикот на рускиот претседател Владимир Путин за 36-часовен прекин на огнот во Украина е лицемерен и единствениот начин да се врати мирот е Русија да ги повлече своите трупи од таа земја, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

„Повлекувањето на руските трупи е единствената сериозна опција за враќање на мирот и безбедноста. Најавата за едностран прекин на огнот е исто толку лажна и лицемерна како и незаконските и гротескни анексии и придружните референдуми“, напиша Мишел на Твитер, пренесе Ројтерс.

Кремљ соопшти дека Путин му наредил на министерот за одбрана Сергеј Шојгу да воведе дводневен прекин на огнот долж целата линија на фронтот со Украина за Бадник и Божиќ, почнувајќи напладне на 6 јануари и завршувајќи на 7 јануари, по апелот на рускиот православен патријарх Кирил.

На почеток