На Србија и претстои тежок период, најави претседателот Вучиќ по одлуката на КФОР
КФОР го одби барањето на Белград за враќање на српските безбедносни сили на територијата на Косово и Метохија, објави српскиот претседател Александар Вучиќ во гостувањето на „ТВ Пинк“.
„Ми се чини дека сите го знаевме и го очекувавме тој одговор. Тие одговорија, секако, дека сметаат дека нема потреба од враќање на српската армија и вооружените сили на Република Србија на територијата на територијата на КиМ, повикувајќи се на резолуцијата 1244. Знаеа дека немаат на што да се повикаат, потоа се повикаа на одредена законска рамка“, рече српскиот претседател.
Вучиќ вели дека одговорот на КФОР пристигнал на Бадник.
„Добро би било на Бадник да дадат позитивен одговор, тогаш знаете дека не е случајно. Згрешиле што напишале „внимателно следиме“, но со јасна политичка конотација… Внимателно следат што е што се случува на север, а само два часа претходно било пукано врз момчињата“, додава тој.
„Истрелите беа на југ, не е ваше место да се грижите за барикадите, туку за безбедноста на Србите на цело Косово. Тоа се случи на југ, а тие го спомнаа само северот. Нивното раководство се грижи само за политички решенија, за нивните решенија за иднината, а не за вистинска безбедност“
Вучиќ вели дека Србија и претстои тежок период и додава дека се што се случува е резултат на атмосферата што Албин Курти ја создава кон српскиот народ.