Како да ги задржиме здравите навики за подобар квалитет на живот и во новата година


Доктор Марија Михајлова вели дека грижата за здравјето треба да остане наш приоритет и во новата година. Таа преку социјалните мрежи советува како да ги задржиме здравите навики за подобар квалитет на живот.
„Да ги задржиме здравите навики за подобар квалитет на живот и во новата година. Ајде да се храниме на здрав и балансиран начин.
Ајде да ставиме што повеќе овошје, зеленчук и интегрална храна во нашето мени.
Да обезбедиме доволно хидратација на телото. Да задржиме активен животен стил, да вежбаме редовно и да вежбаме најмалку три пати неделно.
Да се погрижиме за добар сон (спиеме најмалку 7-9 часа на ден).
Да се справиме ефикасно со стресот и да се грижиме за нашето ментално здравје.
Грижата за здравјето треба да остане наш приоритет и во 2023 година.
Консултација: +389 71 223 397 / 02 30 90 487“, стои во објавата.
