Македонија

Матичните доктори се гневни: Ова нема да ви помине!

Илјадници забелешки јавно доби вчерашната најава на Комисијата за заразни болести за отворање на пет нови ковид- амбулатнти од следната недела во кои по принцип на ротации ќе работат матичните лекари. Најголемите забелешки се токму од матичните лекари. Дел од нив велат дека не се против отворање ковид-амбуланти, но бараат да се преиспита одлуката бидејќи вака предложена ќе значи пациентите да останат без лекари во периодот кога тие ќе дежураат што ќе направи хаос во здравствениот систем.

Доктор Марија Михајлова вели дека овој модел е добар, но не по грбот на матичните лекари.

„Моделот за Ковид амбуланти е добар, но не по грбот на матичните лекари.
Матичниот лекар не може да ротира и работи бесплатно за системот да бидеме на чисто
Навистина се сетивте на нас дека сме дел од системот кога треба само да се работи. Каде попрво матичниот да стаса
Знаеме ние како функционира примарно здравство и во Словенија и Хрватска од сам почеток на пандемијата ,но истовремено знаеме и колку се платени колегите. Така да олабавете со споредбите. Ова нема да ви помине !“, вели Михајлова.

На почеток