Македонија

Куп екипи го гаснат пожарот во Берово, но се недоволни – се бара авион

Центарот за управување со кризи на социјалните мрежи информираше за пожарот во беровско.

„Хеликоптерот дејствувал во време од 04.30 часот до 10.30 часот при што е постигнато пожарот да престане да се шири. На терен се следниве сили:
1. ДЗС-30 луѓе со 4 возила
2. ТППЕ -Берово-6 луѓе и 2 возила
3. ТППЕ-Делчево-4 луѓе со 1 возило
4. Доброволно ПП Д Кочани- 5 луѓе со1 возило
5. ШС Малешево од Берово со 22 луѓе со 3 возила
6. ШС Равна река од Пехчево со 8 луѓе и 2 возила
7. ШС од Радовиш со 5 луѓе и 1 возило
8. ШС Виница со 5 луѓе и 1 возило
9. ЈПКР Услуга со 10 луѓе и 2 возила
10. Население-15 луѓе.
Вкупно се ангажирани 110 луѓе и 17 возила.
Преку ДЗС побарано е во гаснењето на пожарот да се вклучи ЕР-трактор (авион)“, стои во објавата.

На почеток