Македонија

(Видео) Нова снимка од дискотеката сведочи за евакуацијата, врисоците и повиците да се излегува надвор

Нова снимка која трае 25 секунди покажува каква гужва, која резултирала со стампедо, настанала во моментот кога се запали дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во првите секунди од снимката. дел од присутните се уште стојат и не го напуштаат објектот, а дел од нив (како и креаторот на снимката) снимаат. За тоа време, пожарот се шири.

Веќе околу 20-та секунда од снимката, се слушаат и врисоци, но и коментар: „Излавај (излегувај), излавајте (излегувајте)“.

Веќе беше посочено дека голем дел од загинатите, но и повредените, биле потиснати од стампедото кое се створило на првата врата за излез од клубот. На последните секунди од снимката, може да се види и тесниот пролаз, низ кои поминувале над 600 лица, за да стигнат надвор.

Реконструкцијата на случувањата:

На почеток