Македонија

(Видео) Важни совети од психотерапевтот Секулоска по трагедијата во Кочани

Тешка тишина, тага, лутина владее од каде има повредени и загинати во трагедијата во Кочани, вели психотерапевтот, Розалија Секулоска во „Претрес“, која изминативе денови беше на терен.

„Често не сум одела во тие градови, не можам да споредам, меѓутоа првото нешто е тишина, една тешка тишина. Потоа ги има сите тага, лутина, безнадежност. Како да застанало времето, како еден вакум“, вели психотерапевтот Секулоска.

Таа посочува дека е потребно да се помине низ фазите на тагување и да се даде време.

„Да се даде валидација. Што е валидација? Те гледам, те слушам, во ред е. Лажна валидација е – ајде сега да бидеме многу среќни, ајде да не мислиме, да не зборуваме за тоа, ајде плачи-исплачи се. Тоа е жална валидација, тоа треба да биде автентично. Или кога ќе кажат ‘се ќе биде во ред’, како можеш да го кажеш тоа? Тука се буди револт. Можеби ќе биде во ред“, додаде таа.

Упати и совет.

„И советување, кога некој не бара советување, а добива совет. Тоа е тоа што викам по социјалните мрежи. Ние сме советници, ние сме се. Ама некој не те прашува за совет. Немој да бидеш спасител кога некој не те повикува да спасуваш“, посочи психотерапевтот Секулоска во „Претрес“.

На почеток