(Видео) Родител од Анкара дојде во Кочани да остави полномошно да продава имот, дај Боже да не е точно, вели Ивановски кој зборуваше за донациите за Кочани


Има многу суперхерои кои вечерта кога избил пожарот, биле дома, но станале и излегле да помогнат, а сега доаѓаат да помагаат во „SupportKocani“, вели Иван Ивановски, дел од иницијативата.
„Оделе таму за да помагаат. Луѓе со гас маски дошле, влегле внатре свесно во огин за да ги вадат луѓето. Некои од тие што влегле да ги спасуваат другарите се починати. Ќе го споменам Александар кој ми е колега. Тој раскажа како отишле до шанкот да пијат шотови, а шанкот е поблиску до излезот. Кога почнал пожарот излегол. Па се враќале назад да помогнат“, рече Ивановски.
Тој посочува дека луѓето во градот, не се истите луѓе. Во „Претрес“ зборуваше за дискотеката, но и за тоа дека никој не ја гледал како изгледа од задниот дел, додека за внатре, посочува дека била посредена од многу други дискотеки. Во делот на безбедноста – не ни претпоставувале дека може е ваква состојбата.
„Кочани е како воена зона. Повеќето можеби тоа не го осеќаат. Според сите работи кои ги правиме, не можам да ви опишам колкава е таа катастрофа моментално“, додаде тој.
Посочи дека семејствата во очај, продаваат имот за да си ги спасат децата. Вели дека државата им помага за сите трошоци на семејствата, но процедурите за исплата се долги, па оттука, се јавува стравот кај поединци кои имаат повредени лица.
„Вчера, еден родител, чие дете е во Анкара, дојде во Кочани за да остави полномошно да ги продадат сите автомобили, станот во Скопје, сѐ. Државата точно е, ќе покрие сѐ.. Дај Боже да не е точно, ама кај него, вика дека има шанси детето да остане слепо од пожарот бидејќи му е зафатено цело лице и му кажувале дека треба приватен доктор треба да донесе за операција за очите, пошто тоа е специјализирана болница за очи. Ова се неофицијални информации кои мене ми ги пренесоа“, вели Иван Ивановски, дел од иницијативата „SupportKocani“ кои собираат.
РАЗГОВОРОТ:
