Македонија

Во притвор остануваат 19 осомничени за дискотеката, во домашен притвор одат ексградоначалниците и ексдиректорката на Пазарна инспекција

Кочанскиот суд одлучли само 19 осомничени да останат во притвор, а откако Обвинителството почна да собира докази и да се сомнева дека тие дека со постапување или непостапување придонеле кон пожарот во дискотеката „Пулс“ или пак преку (не)правење надзор не го спречиле клубот да работи. За поранешните градоначалници Ратко Димитриевски и Николчо Илијев, како и поранешна директорка на Државниот пазарен инспекторат Анета Симеска Димоска, мерката притвор е заменета со куќен притвор.

„По донесените 24-решенија за определување на мерката притвор, беа поднесени 22 жалби од осомничените. По жалбите постапуваше Совет од тројца судии (од член 25 став 5 од ЗКП) на Основен суд Кочани и одлучи за 19 осомничени жалбата да се одбие и остане определната мерка притвор, додека за 3-тројца осомничени мерката притвор е заменета со куќен притвор, и согласно член 144, чл. 146 став 1 т. 3 од ЗКП е определена и мерка на претпазливост -привремено одземање на патна или друга исправа за преминување државната граница односно забрана за нејзино издавање.

Против 2-две од решнијата, со кои е заменета мерката притвор со куќен притвор од страна на Основното јавно обвинителство се поднесени жалби, по кои постапува Апелациониот суд во Штип.Против 1-едно од решенијата на Советот од тројца судии (од член 25 став 5 од ЗКП) на Основен суд Кочани со кое е приначена мерката притвор со куќен притвор, нема изјавено жалба и истото е правосилно“, велат од Судот.

Засебно, постапка се води за уште седум полицајци од СВР Штип и ОВР Кочани. Тие се во притвор одреден од Кривичен суд-Скопје.

На почеток