Македонија

Маркети добија клуч на врата, засилени контроли кај снабдувачите, манипулација нема да дозволам, најави Трајковски

Директорот на Пазарниот инспекторат, Горан Трајковски, објави дека затворил маркети оти не ги почитувале мерките на Владата односно наложената „загарантирана цена“ додека таа беше активна. Како што најави, Пазарните инспектори излегле на терен и влегувале од маркет во маркет – утврдиле прекршувања. Следните најајвени контроли се снабдувачите.

„Од страна на пазарниот инспекторат издадени се две решенија за затворање на маркети. Следуваат засилени контроли кај трговците на мало и трговците на големо (снабдувачите). Изразувам благодарност до големиот број на општествено одговорни компании кои прифатија да ги задржат гарантираните цени на основните прехранбени производи. Апелирам истото да го направат и трговците на големо (снабдувачите). Никој не смее да ги прекршува законите и да манипулира со потрошувачите!“, напиша Трајковски.

Истовремено, неколку маркети излегоа со соопштенија дека ќе ја продолжат акцијата „загарантирана цена“ иако немаат законска обврска, а откако Пазарна и директорот Трајковски повикаа на општестевена одговорност.

На почеток