Пазарна ги спрема казните, Трајковски: Имавме обемни контроли, има прекршувања
Секое постапување спротивно на законите ќе биде казнето, порача Горан Трајковски, директор на Пазарната инспекција. Тој посочи дека важноста на одлкуките за намалување на цените заврши вчера, а направени се контроли.
„Направена е контрола во сите големи ланци на маркети за да видиме дали се почитуваат мерките за намалување на цените. Надзорите се пообемни ќе траат три до четири дена. Од првичните информации има прекршоци, но ќе почекаме да се заврши процесот. Ние не можеме да влијаеме на намалување на пазарните цени, тоа е до трговците. Но тие, како општество одговорни компании, треба да ги задржат цените на ниво на стандардите на граѓаните“, кажа Трајковски.
Од сега, ќе се проверува дали макретите соодветно водат трговска евиеднција, дали потрошувачите се доведени до заблуда.