Македонија

„Десна“ објави наводно писмо од Палчо, министерката Мадиќ не знае кога, ама очекува да го екстрадираат

Партијата „Десна“ испрати наводно писмо кое е од Љупчо Палевски-Пачло првоосомничен за организација и реализација на убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, а заменик-министерката Викторија Аврамовска-Мадиќ најави негово враќање во земјава. Не сакаше да коментира никакви наводи од писмото. Нема информации како ова писмо е испратено и до кого, како и дали е веродостојно.

За тоа време, Мадиќ посочува дека тие очекуваат Палевски да биде екстрадиран. Според неа, завршена е постапката и се чекаат административни документи.

„Министерот за правда беше во посета на неговиот колега во Турција и како што беше информирана јавноста од Министерството за правда, судската постапка е завршена се чекаат административните документи да се завршат и очекуваме дека Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран“, рече Аврамовска – Мадиќ.

 

Писмото објавено од „Десна“ тука

На почеток