Македонија

Старите фотографии на Мицкоски и Давкова одново во соопштение на СДСМ

Фотографиите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Гордана Силјановска-Давкова со бугарскиот европратеник Ковачев од пред пет години и натаму се тема на СДСМ. По неколку дена, повторно преку ново соопштение поставуваат исти прашања.

„На сликите на Мицкоски и Силјановска со Ковачев се кочничарите на иднината на Македонија

И Гордана Силјановска Давкова и Христијан Мицкоски си имаат слика на која гордо стојат покрај главниот негатор на македонскиот народ, јазик, историја, култура, бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.

Сликите кажуваат многу. Тоа се кочничарите на иднината на Македонија.

Дали Мицкоски и Силјановска се согласуваа со ставовите на Ковачев , кој јавно тврдеше дека Гоце Делчев е Бугарин, дека Браќата Миладиновци напишаале бугарски народни песни, а не Зборник, дека историјата ни е фалсификувана.

Бугарското и македонското ВМРО работат на штета на државата, прават сѐ да ја закочат европската перспектива на Македонија“, велат од СДСМ.

На почеток