Актуелно

(ВИДЕО) Уапсен сопругот на исчезнатата Србинка

Сопругот на исчезнатата Ана Волш е уапсен поради попречување на полициската истрага за нејзиното исчезнување, изјави окружниот обвинител на округот Норфолк, Мајкл Морисеј.

Инспекторите денеска ненадејно се вратија во куќата на исчезнатата Ана Валш, мајка на три деца, која порасна во Белград, а исчезна пред помалку од девет дена.

Неколку означени и неозначени полициски автомобили, како што пренесуваат локалните медиуми, се паркирани пред куќата, а истражителите кружат околу имотот во градот Кохасет, Масачусетс.

Ден претходно, да потсетиме, локалната полиција соопшти дека пребарувањето на теренот е завршено без резултати и дека ќе се продолжи само доколку се појават нови информации.

Претходно, 20 членови на специјалниот тим за итни случаи со три дресирани кучиња два дена ја пребаруваа шумата во близина на куќата на Ана Волш. Инспекторите го исцедиле и базенот до куќата и со помош на нуркачи го пребарале блискиот поток, но не била пронајдена трага.

„Потрагата ќе продолжи доколку се појават нови информации“, соопшти вчера полицијата на Кохасет по завршувањето на вториот ден од потрагата.

Членовите на семејството, да потсетиме, последен пат ја виделе Ана на 1 јануари околу 04:00 часот кога требало да замине на аеродромот „Логан“ во Бостон, од каде планирала да фати лет за Вашингтон, каде работи во агенција за недвижности. .

Ана, сепак, не стигнала ни до аеродромот, а началникот на локалната полиција рекол дека немаат ни потврда дека влегла во возилото кое требало да оди до „Логан“.

Полицијата изјавила дека Ана е многу активна на социјалните мрежи, но дека не го користи мобилниот телефон од Нова година кога исчезнала.

„Фокусот во моментов е на обидот да ја лоцираме. Ако и треба само малку одмор или пауза, само ја замолуваме да ни се јави. Сè што е потребно е телефонски повик за да нè извести дека е добро“, рече началникот на полицијата Вилијам Квигли.

Началникот на полицијата Квигли изјави и дека Ана е мајка на три деца, од кои најстарото има шест, а најмладото две години.

Полицијата соопшти дека сопругот на исчезнатата жена, Брајан Волш, соработувал со истрагата.

“Здраво, јас сум Брајан Волш, ако знаете некој кој имал контакт со неа, ве молам јавете ми се ако сакате. Се прашував дали разговаравте со неа во неделата или последните неколку дена. Дали знаете некој кој можеби имал контакт со неа. Извинете што ве мачам. Сигурен сум дека се е во ред“, објави денеска Брајан преку аудио порака.

Ана Волш (39), моминско презиме Љубичиќ, е родена и израсната во Белград, а во 2005 година заминала во Соединетите Американски Држави каде се омажила.

На почеток