Свет

„Русија е веќе подготвена да побегне од Крим, преземањето е прашање на време“, вели Подољак

Советникот на шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Михаило Подољак, тврди дека Русија е веќе подготвена да побегне од Крим.

Подољак верува дека Русите, откако Крим целосно ќе биде во опсегот на оган на украинските сили, ќе почнат да бегаат од полуостровот, пренесува Униан.

Според Подољак, преземањето на Крим е прашање на време.

Тој оцени дека Украина мора да оди до крај во војната, во спротивно нејзините деца повторно ќе ја платат цената за правото на државата да постои за 3-5 години.

Русија го анектираше полуостровот Крим во 2014 година, по референдумот на тој полуостров мнозинството граѓани гласаа за приклучување кон Русија.

На почеток