Скопје

Како се полни буџетот на Општина Центар

„Пред усвојувањето на буџетот претставивме колку и од каде се полни касата на Општина Центар“, објави Шанса за Центар.

Тие додаваат:

„Сега е време да погледнеме и каде ќе се трошат овие пари во 2023-та. За да биде појасно, приказот е даден како графикон кој може да го замислите и како голем колач. Неговите делови покажуваат како се распределува за различни намени. Прв и најголем дел од колачот оди кај општинската администрација, 15%. Таа сега брои околу 143 лица (https://www.centar.gov.mk/…/2022/12/lista_na_vraboteni.pdf). Оваа бројка не ги опфаќа 11-те институции основани од општината, како градинките, основните училишта и Јавното претпријатие ПОЦ. Администрацијата пораснала од 2017 до денес за вкупно 45 лица, или за 50% од бројот на вработени 98 во 2017 објавен на https://mioa.gov.mk/…/reports/izvestajreg2017_v1.02_0.pdf. Како споредба со површината на општината, на секои 0,05км2 (5ха) доаѓа по еден вработен, на вкупна површина од 7,5км2 или на секој 315 жители на Центар има по еден вработен во општината.\

Второто парче од колачот е за реконструкции, изградби и пренамени на простори во градинки. Се одвојуваат 11,9% како капитални расходи и за пренамена 8,4%, што е одлично бидејќи објектите кои сега постојат не ги задоволуваат потребите, имаат запишано деца над капацитетите дозволени со законот, а одредени населби немаат свои градинки како Пролет, за каде се и наменети средствата во најголем дел. Третиот дел од колачот е наменет за ИЗГРАДБА НА ПРОСТОР ЗА ПАРКИРАЊЕ, со дури 10,7% од буџетот или 92,400,000.00 ден. или € 1,502,439.02. Оваа инвестиција нема реална аргментација и оправданост со оглед што се наменува само за населбата Капиштец, за продолжување на монтажниот паркинг на ул. Народен Фронт. Но, бидејќи се усвои одлука на Советот за објавување на сите проекти над 1 милион денари, ја очекуваме објавата на проектот со сите детали, број на места итн.

Најважно од сѐ е дали е ова огромен дел од колачот кој е наменет за само една населба, дали катните гаражи кои се во тек на изградба на бул. Теодосиј Гологанов до Халк Банка се недоволни или и таму ќе се случи истата пренамена како со гаражата Зебра, со катната до Млин Балкан итн…Продолжуваме во следните постови со останатите делови од колачот“..

На почеток