Актуелно

Дали Македонија има воена моќ? – најмоќна во регионот е Србија

Според извештајот на американскиот сајт „Global Firepower“, кој ја оценува воената сила на земјите, Македонија е на 108-то место од 145 земји на листата најмоќна во регионот е Србија која е на 58. место – во претходниот извештај Србија беше на 61. место.

Како што е наведено на веб-страницата „Global Firepower“, повеќе од 60 индивидуални фактори, како што се бројот на воени единици, финансиите, логистичките способности и географијата, се користат за креирање на рангирањето.

Кога станува збор за регионот, Хрватска е на 69. место, Словенија на 86. место, Црна Гора на 128. и Босна и Херцеговина на 133. место.

Косово е на 134. место. Романија е на 47., Унгарија на 54., Бугарија на 59. и Албанија на 91. место. Топ 10 земји на листата се САД, Русија, Кина, Индија, Велика Британија, Јужна Кореја, Пакистан, Јапонија, Франција и Италија.

На почеток