Македонија

(Хорор видео) Маж во Струга утрово убил десетици домашни и маалски миленици, алармира Анима мунди

Бесправна држава, примитивно општество во кое владеат локални шерифи – резултатот е бруталност на која сведочат денес жителите на градот Струга, вака реагираш денеска здружението за заштита на животните, Анима мунди.

Од здружението излегоа со тврдење дека маж утрово одлучил да посегне по животот на десетици маалски и домашни миленици со пушка. Ладнокрвно ја пролеал нивната невина крв низ улиците на Струга.

-И како да не е убиство, како да не е загрозување на јавна безбедност и како да нема закони во оваа држава ниту пак институции една служба што навидум личи на комунална ги собира лешевите на невините животни за да ги фрли во депонија, подалеку од сечии очи со очигледна цел да се прикрие ова громорозно убиство. Го прашуваме Министерство за внатрешни работи дали овој случај, еден од стотици досега видени ке ја добие правдата – велат активистите.

-Дали Агенцијата за храна и ветеринарство конечно ке се разбуди од зимскиот сон и празничното расположение и ке ги заштити овие животни како што впрочем и пропишува законот во нивна надлежност – се додава во нивното соопштение.

Тие апелираат до надлежните институции веднаш да ги превземат сите дејствија за сторителот да биде пронајден и кривично да одговара за, како што велат, ова масовно убиство!

Никој нема за право да одзима нечиј живот, никој нема право со пушка во раце да пролее невина крв, безмилосно да убие и да помине неказнето – реагираат активистите за заштита на животните.

На почеток