Украина: Истрелавме проектил врз група руски војници, загинаа над стотина
Од
Објавено на
Украинската армија соопшти дека истрелала проектил врз група руски војници во Соледар, при што загинале повеќе од стотина од нив, пишува Киев Индипендент.
Да потсетиме, шефот на платеничката група Вагнер Евгениј Пригожин вчера изјави дека Соледар е целосно ослободен и дека загинале 500 украински војници.
Во изјавата што беше сосема спротивна од онаа дадена неколку минути претходно од украинскиот претседател, Пригожин тврди дека неговите сили целосно го ослободиле рударскиот град.
„Загинаа околу 500 украински војници. Целиот град е покриен со трупови на украински војници“, рече Пригожин.
Украина соопшти дека борбите во градот се уште траат.