Македонија

Мерко обвинет дека лично ќе убива кучиња, тој тврди дека при шест внучиња, не му требаат кучиња

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, одговори на тврдењата од здружението Animal Voice, кои повикаа на протест пред Владата, откако тој изјавил дека самиот ќе ги убиел кучињата да нашол отров, при што од здружението го пријавиле во полиција.

„Никој нема да убива и труе кучиња. Јас дома не чувам кучиња. Што ќе ми се кучиња, кога имам шест внучиња? Тие кои решиле да ги чуваат, треба тоа да го прават одговорно, а пак државата да поработи на измена на законите од оваа област“, вели градоначалникот Мерко во изјава за Фокус.

На почеток